Утрински Весник
Свет

Во Словенија 1.388 новозаразени и рекорден број на смртни случаи во еден

Во Словенија помалку новозаболени, но дури 34 починати

Во Словенија потврдени се 1.388 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, а други 45 лица починаа од ефектите на Ковид-19, најмногу за еден ден досега, објави словенечката влада.

Извршени се 5.326 тестови, со 26,06 проценти позитивни резултати, што е помалку од претходниот ден, кога беа потврдени 501 нова инфекција, со учество на заразени кај испитаните од скоро 28 проценти и кога имаше 34 смртни случаи.

Во моментот во болниците има 1.275 пациенти, што е за 24 повеќе од вчера, од кои 209 се сериозно болни на интензивна нега, објави словенечкото Министерство за здравство.

Со откриени нови инфекции во последните 24 часа, вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 56.932, од кои 19.537 случаи се активни. Четиринаесетдневната инциденција е 932 заразени на 100.000 жители, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 сега се искачи на 932 лица.

Владата на Јанез Јанша, која опозицијата ја критикува, тврдејќи дека реагирала премногу доцна со воведување на ограничувања за спречување на ширење на вирусот, ја продолжи состојбата на епидемија за еден месец, што и дава право да воведе нови мерки или да ги релаксира до 17 декември без посебна расправа во парламентот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд