Утрински Весник
Свет

Во Словенија речиси секој втор тест е позитивен на коронавирус

Во Словенија речиси секој втор тест е позитивен на коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Словенија во последните 24 часа, потврдени се 1.257 новозаразени со коронавирус, а починале уште десет пациенти. Особено загрижува високиот процент на позитивни тестови.

Со 2.632 тестови, потврдени се 1.257 новозаразени, што значи дека 47 проценти биле позитивни,потврди во понеделникот Националниот институт за јавно здравје.

Ова е нов рекорд по бројот на позитивни тестови од почетокот на епидемијата, кој го надмина вчерашниот рекорд од 42,1 отсто. Растечкиот тренд на позитивни тестови говори за сериозноста на состојбата и високото присуство на вирусот кај населението, оценуваат епидемиолозите.

Другите епидемиолошки податоци се исто така во пораст, со што бројот на активни случаи се искачи на 28.575, а ситуацијата во болниците се приближува до бројки што може да ја поттикнат владата да ги заостри мерките.

Во болниците во моментов има 603 пациенти со Ковид, пришто во последните 24 часа се примени 58 нови пациенти, 22 се пуштени дома, а десет пациенти починале, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство.

Владините претставници постојано предупредуваа во текот на изминатата недела дека поради оптоварувањето на болничкиот систем, ќе бидат потребни нови рестриктивни мерки, вклучително и делумно затворање.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми