Утрински Весник
Свет

Во Словенија откриени два неповрзани кластера на лица заразени со омикрон

Во Словенија откриени два неповрзани кластера на лица заразени со омикрон

Во Словенија до понеделникот се потврдени 10 случаи на инфекција со позаразната омикрон варијанта на коронавирус, во два неповрзани кластерa, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

Заразените лица пристигнале од Шведска и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а забележани се и секундарни преноси на други лица во Словенија.

Според информациите на Институтот, сите пациенти имаат полесен тек на болеста со поблаги симптоми, а епидемиолозите продолжуваат со утврдување на нивните контакти.

Едно лице може да ја пренесе омикрон варијантата на вирусот на 20 до 30 други луѓе кои не се заштитени. Иако предизвикува поблаги симптоми, вирусот може да стане крајно опасен во случај на нови мутации, изјави на денешната прес-конференција Борут Штрукељ, професор на Фармацевтскиот факултет.

Поради појавата на новиот вид на коронавирус, здравствените власти во Словенија препорачаа сите лица над 50-годишна возраст да се заштитат со трета, бустер доза од постоечките вакцини кои се на располагање.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија