Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 67 новозаразени, најмногу во Чаир и Центар

Досега околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Скопје,8 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на Скопје денеска се регистрирани 67 новозаразени со  коронавирусот КОВИД-19.

Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.

Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, во Гази Баба 58, во Аеродром 57, во Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, а во Арачиново 23. Следат Студеничани со 19 активни случаи на КОВИД-19, Илинден и Ѓорче Петров со по 18, Шуто Оризари со 17, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре