Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Скопје хоспитализирани 29 нови пациенти, а пуштени се 30 кои оздравеле од коронавирус

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло
Img 7972

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 370 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Нефрологија и на Институтиот за ТБЦ. Тројца болни се примени на Клиниката за Дерматологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 12 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

Вкупно 370 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента