Утрински Весник
Македонија

Во Скопје приведени двајца осомничени крадци

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден припадници на полицијата приведоа два лица под сомнеж за извршено кривично дело „тешка киражба“, соопшти денеска Министерсвото за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.20 часот на булевар „Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н. (41) од скопското село Кучевиште, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

– По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.

Во друг случај, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир вчера во 09.30 часот, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е. (21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

– По документирање на случајот и против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се додава во соопштението на МВР. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа