Утрински Весник
Македонија

Во Скопје подигнати 29 возила со „пајак”

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Од МВР информираат дека вчера во 18,00 часот било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува с.Бојане со с.Ласкарци, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во 06,30 часот било пријавено дека на кванташки пазар во Струмица патничко моторно возило „мазда 3“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од К.Н.(45) од село Миравци-гевгелиско, удрило во пешак В.Џ.(57) од село Стојаково. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Струмица.

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 13,00 часот Н.В.(26) од Кавадарци пријавила дека на ул.„Михаил Чаков“, била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Каснување од куче исто така е пријавено и во Карпош. Вчера во 09.20 часот, во Полициската станица Карпош П.М.(78) од Скопје, пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 29 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме