Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Скопје започна втората „Парада на Гордоста“

Во Скопје започна втората „Парада на Гордоста“
Img 7972

Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред „Парада на гордоста“, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Стотина учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.

На настанот учество земаа бројни познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу останатите, присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Пендаровска.

Низ скопските улици се носеа и транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“. Учесниците на парадата се забавуваа и пееја додека пешачеа до Градскиот парк. Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, соопштија организаторите.

За во Градскиот парк е најавена и музичка програма, како дел од настанот.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“