Утрински Весник
Свет

Во силен земјотрес во Јапонија повредени 153 лица

Во силен земјотрес во Јапонија повредени 153 лица

Најмалку 12 лица се сериозно повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој викендов ја погоди областа на јапонската префектура Фукушима, изјави премиерот Јошихиде Суга.

Тој додаде дека досега се повредени 153 лица, но дека нема смртни случаи, јави ТАСС.

„До денес сме информирани дека 12 лица се сериозно повредени, додека 141 лице се здобиле со полесни повреди“,  рече премиерот.

Тој додаде дека железничкиот сообраќај на една линија е во прекин. Земјотресот предизвика колапс, што доведе до прекинување на автопатот во југоисточниот дел на островот Хоншу.

„Владата ја дава целата неопходна помош со цел што е можно побрзо враќање на нормалниот живот во погодениот регион“, рече премиерот.

Во саботата, на 13 февруари, беше регистриран силен земјотрес во уште девет префектури во Јапонија, освен во Фукушима, вклучувајќи ја и областа на Токио.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Венс: Не сме во војна со Иран