Утрински Весник
Македонија

Во семејна расправија во Кичево, син го прободел својот татко кој починал од повредите

Со пила нападнати шумочувари од Крушево

Вчера во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода 25-годиншниот А.К, поради сомнение дека тој околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.

По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К..

За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат надлежните.

Можете да прочитате

Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Вејсели: Цените растат, ДУИ со предлог мерки за заштита на семејствата