Утрински Весник
Македонија

Во селото Вељуса се гради фекална канализација

Во селото Вељуса се гради фекална канализација

Струмица, 29 април 2020 (МИА) – Во населеното место Вељуса во тек е изградбата на фекална канализација во должина од седум километри, информираат од Општина Струмица.

Како што се додава во информацијата од локалната самоуправа, изградбата треба да заврши до крајот на оваа година,а со реализацијата на овој зафат се решава голем проблем за жителите на ова населено место.

Изградбата на фекалната канализација се реализира со пари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од околу 16,5 милиони денари.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен

Собранието ги констатираше оставките на Бислимоски и на Ристовска