Утрински Весник
Македонија

Во Светниколско се реконструира патот меѓу селата Пеширово и Ерџелија

Во Светниколско се реконструира патот меѓу селата Пеширово и Ерџелија

Штип, 11 мај 2020 (МИА) – Во Општина Свети Николе се врши реконструкција на локалниот пат меѓу селата Пеширово и Ерџелија. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека станува збор за делница во должина од околу два километра.

-Оваа делница не беше реконструирана речиси 50 години, а патот беше во многу лоша состојба и најруиниран во нашата општина. Инвестицијата чини 8.300.000 денари, од кои седум милиони денари се од Платежната агенција, а остантите 1.300.000 денари се од општинскиот буџет, вели Велковски.

Тој информира дека поради изведување на градежните работи асфалтирање на патниот правец меѓу селата Пеширово и Ерџелија,  ќе биде во прекин од денес до среда 13 мај, кога се планира да се завршат градежните работи.вдј/скс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година