Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе ниту еден заразен од коронавирус, 11 лица се во самоизолација

Во Свети Николе ниту еден заразен од коронавирус, 11 лица се во самоизолација

Штип, 29 април 2020 (МИА) – На територијата на Општина Свети Николе нема ниту едно лице заболено од Ковид-19, а во моментов 11 лица се наоѓаат во самоизолација и истите се придржуваат на мерките за самоизолација, информираше денеска на состанокот на Кризниот штаб, градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски.

– За време на продолжениот викенд за 1 мај земјоделците кои не се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што се сопственици на фарми, пластеници и пчелари можат да го најават движењето со јавување на телефонскиот број 075/421-181 денеска до 15:30 часот и утре до 19 часот, за сите три дена од викендот, вели Велковски.

Посочи дека угостителските објекти кои имаат добиено дозвола за работење од кризниот штаб, можат да ја вршат својата дејност за време на викендот единствено со онлајн нарачки до 21 часот.

– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките на Владата во носење на заштитни маски и држење дистанца од два метра, а за време на празниците да се придржуваат на мерките и да нема групирање на граѓаните, потенцира Велковски. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат

Пороен дожд, грмежи и ветер во гостиварскиот регион, невремето доаѓа во Скопје

Министерството за внатрешни со детали за исчезнувањето на 14-годишната Клара