Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе во самоизолација се 45 граѓани

Во Свети Николе во самоизолација се 45 граѓани

Штип, 23 март 2020 (МИА) – Во Свети Николе нема регистрирано лице кое е позитивно на Ковид 19, а во самоизолација се вкупно 45 лица, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

– Генерално , сите жители на општината го почитувале воведувањето на полицискиот час. Од направените контроли на терен, евидентирано е движење за време на полицискиот час на четири лица и истите биле со регулиран статус на движење, со соодветно издадени потврди, вели Велковски.

Тој апелира до сите фирми кои имаат потреба од движење на нивните вработени за време на спроведување на полицискиот час да ги почитуваат инструкциите од Владата.

Само со соодветно издадена потврда од фирмата и истата пријавена во МВР на телефон 192 можат да се движат за време на траење на полицискиот час од 21 часот до 6 часот наутро.

-За лицата што се во самоизолација е издадено наредба да се придржуваат кон мерките од Владата, во спротивно истите ќе бидат упатени кон центрите за карантин. Центарот за јавно здравје континуирано ќе врши проверка за нивното здравје во текот на самоизолацијата, вели Велковски.вдј/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса