Утрински Весник
Свет

Во САД починале 200 илјади луѓе од Ковид-19

Во САД починале 200 илјади луѓе од Ковид-19
Dik 300x250 mk

Шест недели пред претседателските избори, околу 200.000 луѓе починаа од Ковид-19 во САД до денес, објави универзитетот Џон Хопкинс.

Според истиот извор, од 6,9 милиони заболени до утрово починале 200.005 луѓе, а САД се меѓу најпогодените земји од новата пандемија на коронавирус.

„ Ковид-19 ќе биде трета водечка причина за смртност во САД оваа година и ќе ги надмине несреќите, мозочните удари и Алцхајмеровата болест. Ние го потценуваме овој вирус на наша штета и на штета на оние кои се погодени од нашите одлуки”, рече Том Фриден, поранешен директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Пред Ковид-19, причинители на смрт се само карциномот и кардиоваскуларните заболувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција