Утрински Весник
Свет

Во Русија произведена е првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба

Во Русија произведена е првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Русија е произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а се очекува наскоро да следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата.

Како што соопшти руското Министерство за здравство, вакцината „Спутник V“ е изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и ги минала тестовите во лабораториите на Федералната здравствена служба.

Рускиот министер за здравство Михаил Мураско претходно објасни дека производството на вакцината за цивилна употреба во оваа фаза значи дека ќе бидат вакцинирани граѓаните од ризичните групи, првенствено лекарите и наставниците, а вакцинацијата ќе се изврши истовремено со последната фаза од клиничките испитувања.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против коронавирусот. „Спутник V“ во јуни и јули мина низ две фази од клиничките испитувања, а последната, трета фаза ќе се спроведе по регистрацијата на вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина

Годишна прес конференција на Путин, пристигнале над 2 милиони прашања