Утрински Весник
Свет

Во Русија почна тестирањето на вакцината „Спутник лајт“

Во Русија почна тестирањето на вакцината „Спутник лајт“

Тестирањето на вакцината „Спутник лајт“ започна во Русија.

Првите учесници во испитувањето биле вакцинирани во Москва, изјави денеска заменик-градоначалничката на Москва задолжена за прашања од социјалниот развој, Анастасија Ракова.

„Во однос на тоа како волонтерите ќе поминуваат на прегледите, и обемот на вакцинацијата ќе се зголемува. Апликациите се поднесуваат активно, 490 лица го поминале медицинскиот преглед за два дена“, рече Ракова.

Таа потсети дека волонтер може да биде секој постар од 18 години кој не бил болен и не страдал од корона, не примил вакцини во текот на последниот месец, нема антитела на коронавирус, нема алергиска реакција и хронични болести.

Бремените жени и доилките не можат да учествуваат во тестирањето, пренесува новинската агенција „Спутник“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан