Утрински Весник
Свет

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и лифтовите

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус.

Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните од целата земја од утре мора да носат маски на јавни простори, јавен превоз, паркиралишта и лифтови.

Се ограничува и работното време на кафулињата и рестораните, кои можат да бидат отворени од 6 до 23 часот.

Вчера Русија имаше 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати – 320 во рок од 24 часа.

Текстот Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и лифтовите е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода