Утрински Весник
Свет

Во Русија за две недели дуплиран бројот на новозаразени

Во Русија за две недели дуплиран бројот на новозаразени
Dik 300x250 mk

Во Русија, во изминатите 24 часа, потврдени се 14.057 нови случаи на коронавирус, што е скоро двојно повеќе отколку пред две недели.

Во исто време, во последните 24 часа починале 416 лица, пишува ТАСС.

Најголема концентрација на инфекција има во Санкт Петербург, а вкупниот број на заразени лица во Русија од почетокот на пандемијата е 5.264.047.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, вчера предупреди дека ситуацијата со коронавирусот е драматична и во руската престолнина.

Собјанин изјави дека во болниците има повеќе од 12.000 пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на пиковите од претходните бранови на епидемијата.

Како што пренесува РТ, Москва во моментот е првиот град во светот со задолжителна вакцинација не само за здравствените работници туку и за вработени во други индустрии.

Вработените треба да ја примат првата доза вакцина до 15 јули, а втората до 15 август.

Ова првенствено се однесува на вработените во услужниот сектор, трговијата, угостителството, транспортот, здравството, домувањето и комуналните услуги, образованието и културата.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно