Утрински Весник
Свет

Во Русија вакцинирани 1,5 милиони луѓе

Најголем број од новозаразените во Европа се на Балканот

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на владата да ги прошири напорите за вакцинација.

Руските власти соопштија дека повеќе од 1,5 милиони луѓе веќе ја примиле вакцината „Спутник V“, и покрај тоа што напредните студии на вакцината на десетици илјади луѓе сѐ уште траат.

Говорејќи денес на состанок со високи владини претставници, Путин им порача да го прошират опсегот на вакцинација, што беше ограничено на одредени социјални групи и професии.

Русија беше критикувана низ целиот свет затоа што ја одобри „Спутник V“ во август, откако вакцината беше тестирана на десетици луѓе и побрза да им ја понуди на ризични групи – како што се медицински и просветни работници.

Производителите на „Спутник V“ тврдат дека вакцината е ефикасна 91 процент, а Путин денес ја нарече „најдобрата во светот“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција