Ресен, 15 април 2020 (МИА) – Советот на Општина Ресен на итна седница донесе одлуки за помош и поддршка на правни субјекти во градот во како што информираат заедничката борба против Ковид-19.
На предлог на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, советниците донесоа одлука со која е извршена пренамена на средства од буџетот на Општина Ресен во износ од 930.405 денари за набавка на средства за дезинфекција, средствата во износ од 48.000 денари определени по програмата на буџет наменети за патни трошоци исто така се пренаменети за набавка на средства за дезинфекција, а Советот на Општина Ресен донесе одлука да се намали комуналната такса за користење на просторот пред деловните објекти за вршење на трговска и угостителска дејност на законскиот минимум од пет денари по метар квадратен.
На седницата на општинскиот Совет, ресенските советници го усвоија документот „Урбана ревизија“ на Општина Ресен изработен за користење на грант средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги имплементиран од Министерство за финансии со што ќе се изврши реконструкција на училиштето „Мите Богоевски“ во село Болно и адаптација на училиштето „Мите Богоевски“ во село Јанковец.мт/см/