Утрински Весник
Свет

Во разорниот земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 950 луѓе

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Авганистанските власти за справување со катастрофи соопштија дека најмалку 950 луѓе загинале, а повеќе од 600 се повредени во земјотресот кој рано наутро ја погоди земјата, пренесе „Ројтерс“.

Во неколку области е забележана сериозна материјална штета.

„Бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои планински села се во оддалечени области и ќе биде потребно извесно време да се соберат сите детали“, рече претставникот на Министерството за внатрешни работи, Салахудин Ајуби.

Јачината на земјотресот изнесувала 6,1 степени според Рихтеровата скала, а потресот ги погодил густо населените делови на Авганистан и Пакистан во раните утрински часови, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи, по земјотресот што ја погоди провинцијата Пактика, покажуваат луѓе на носилки, урнатини и уништени куќи.

Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но жртви има и во источните провинции Нангархар и Кост.

Земјотресот погодил густо населена област на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а бил почувствуван во радиус од 500 километри, јави Би-би-си.

Можете да прочитате

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд