Утрински Весник
Свет

Во пукање во Чикаго убиено 14-годишно момче

Во пукање во Чикаго убиено 14-годишно момче

Во две неповрзани престрелки во Чикаго загина 14-годишник, а уште девет лица се повредени, објавија локалните медиуми.

Уште најмалку двајца тинејџери се во критична состојба и се наоѓаат во болница, пренесува полицијата.

Пет лица биле застрелани во првото пукање што се случило околу шест попладне. Пет минути пдоцна на друга локација, уште петмина биле застрелани во пукање на само три блока оддалеченост.

„Засега нема информации дека двете пукања се поврзани, но според првичните информации полицијата смета дека не се“, изјави Ернест Като, заменик началник на локалната полиција.

Оваа година во Чикаго се забележани 1.802 престрелки, што е зголемување за девет проценти во однос на минатата година и зголемување за 60 проценти во однос на 2019 година.

За време на првиот викенд во јули, 92 лица беа застрелани, а 16 беа убиени. Минатиот викенд 56 лица беа застрелани, а 11 починаа.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел