Утрински Весник
Македонија

Во Пробиштип регистриран втор случај на лице заразено со Ковид-19

Во Пробиштип регистриран втор случај на лице заразено со Ковид-19

Штип, 13 април 2020 (МИА) – Регистриран е вториот случај на заразено лице со корона вирусот во општина Пробиштип. Лицето не било во контакт со лица коишто се во самоизолација од претходно, станува збор за нов случај. Сите лица кои што биле во контакт со истото се ставени во самоизолација, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

-Апелирам за смиреност и за строго почитување на мерките за заштита, да се намалат физичките контакти, за што е можно помало изложување на опасност од пренесување на вирусот, вели Анастасов.

Тој истакна дека денеска е ставен во функција и третиот пункт за дезинфекција на возила при влез во општината, со ова веќе сите три пункта се во функција, и тоа при влез на градот од страна на патен правец од Кратово во населба Пробиштип, од патен правец од Штип кај бензинската Макпетрол и при влез во село Ратавица. вдј/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром