Утрински Весник
Македонија

Во Пробиштип и Злетово делумно се отвараат пазарите

Во пробиштипската зона „Неокази“ се гради фабрика за канабис и козметички производи

Штип, 24 април 2020 (МИА) – Делумно се отвора пазарите во Пробиштип и Злетово, оваа одлука денеска ја донеле членовите на Општинскиот кризен штаб на Пробиштип, соопшти градоначалникот, Драган Анастасов.

Стручно оперативната група донесе заклучок за делумно отворање на градскиот пазар, само за продавачи на прехрамбени продукти во Пробиштип и во Злетово, за што ќе има дополнително известување за работното време и кои денови ќе работат.  Согласно Одлуката од Владата потребно е одржување на растојание од 2 метри и задолжително носење на маска, шал или марама, вели Анастасов.  
Тој информираше  дека едно од лицата кои беа заразени од корона вирусот е излекувано, а како што вели во Општина Пробиштип во овој момент има само едно лице кое е заразено со вирусот. Апелира да се почитуваат  мерките, со цел заштита на населението од ширењето на вирусот. вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани