Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп 4 новозаразени, од кои 3 од семејство од селото Десово во Долнени

Во Прилеп 4 новозаразени, од кои 3 од семејство од селото Десово во Долнени

Прилеп, 4 јуни 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се регистрирани 4 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои три се од населеното место Десово, општина Долнени.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јовановски, трите случаи од долненско Десово се од едно семесјтво .

– Трите нови случаи на заболени се од една фамилија во селото Десово, општина Долнени. Во таа фамилија има вкупно седум члена заболени. Инаку, Центарот за јавно здравје кој ја покрива со надлежностите целата територија во прилепскиот пелагониски регион информираат дека во моментов се  активни 32 случаи, од кои 20 лица се на домашно, а 12 на болничко лекување. На инфективното одделение во прилепската болница се 4 лица. Од почетокот на пандемијата во Прилеп се вкупно регистрирани 217 случаи на Ковид-19, од кои 170 лица се оздравени. Бројот на починати е 15. Досега прилепскиот Центар за јавно здравје има земено  1 322 примероци и дополнителни 140  во инфективното одделение на болницата, рече Јованоски.

Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките и овој празничен викенд со потсетување дека од утре полицискиот час почнува од 16 часот.

– Игнорирањето на коронавирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени. Почитувањето на мерките, носењето заштитни маски, држењето дистанца, личната хигиена и дезинфекцијата, остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме како поединци и како општество, изјави Јованоски.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица, а поради неносење заштитни маски, вчера против 3 лица биле поднесени прекршочни пријави.ем/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје