Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп регистрирани девет нови случаи на коронавирус

Во Прилеп четири кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Прилеп, 18 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се регистрирани девет нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот со што вкупната бројка досега е 112. Во Инфективното одделение на градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.

Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од локалната самоуправа.

Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час. ем/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами: Нема место во Влада за оние кои соработуваат со ДУИ

Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне

Јовановски: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра