Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп денеска нема регистрирани нови заболени

Побарани казни од по 2 000 евра за вкупно 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Прилеп, 20 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени лица од коронвирусот, што значи дека останува досегашната бројка од 117 евидентирани случаи, информираат од прилепската локална самоуправа.

Во Инфективното одделение од градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка. Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час. ем/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор