Утрински Весник
Свет

Во пресрет на Олимписките игри, Токио пријави најголем број на заразени во последните шест месеци

Во пресрет на Олимписките игри, Токио пријави најголем број на заразени во последните шест месеци
Dik 300x250 mk

Градската влада во Токио пријави 1.410 нови случаи на Ковид-19, што е најголем еднодневен скок на новоинфицирани во скоро шест месеци и најголем број четврти ден по ред.

Рекордниот број на новозаразени лица доаѓа во моменти кога главниот град на Јапонија се подготвува за отворање на Олимписките игри следната недела (23 јули), објави „Кјодо“.

Бројот на новоинфицирани лица во Токио, каде е воведена вонредна состојба по четврти пат, е најголем од 21 јануари годинава, кога 1.485 лица беа пријавени како позитивни на коронавирусот.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи