Утрински Весник
Свет

Во прекин наставата во голем број училишта во Република Српска поради дојави за бомби

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голем број училишта во Република Српска, БиХ, денеска се затворени по синоќешните закани за бомби, а полицијата најави дека врши темелна проверка на училиштата.

Заканите за бомби биле испратени по електронска пошта на адресите на училишта од северозапад до крајниот југоисток на земјата, што предизвика прекин на наставата на илјадници ученици.

„Нашата мисија е да убиваме“ и „сите ќе умрете“ е дел од содржината на заканувачките пораки напишани на кирилица, пренесува хрватски „Индекс“.

Министерството за внатрешни работи на РС потврди дека ги истражува сите закани, а деминери ги пребаруваат училиштата кои добиле заканувачки пораки.

„Училиштата нема да работат додека не заврши антидиверзантскиот преглед, односно нема безбедносни закани“, се вели во соопштението.

Минатата недела, многу училишта во Сараево беа евакуирани поради слични закани, односно дојави за бомби преку електронска пошта. Се испостави дека сите закани биле лажни, а полицијата и натаму го истражува случајот. Утврдено е само дека заканите биле упатени од руски интернет домен, но експертите предупредуваат дека тоа не се доволни информации за какви било конечни заклучоци.

Можете да прочитате

Од 1 јануари 2026 забрана за стари дизел и бензин возила во Брисел

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван