Утрински Весник
Магазин

Во пратка со кафе адресирана до филмски лик, италијанската полиција пронашла кокаин

Во пратка со кафе адресирана до филмски лик, италијанската полиција пронашла кокаин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската полиција пронајде 130 грама кокаин скриен во повеќе од 500 зрна кафе, во пакет испратен од Колумбија.

Полицијата на аеродромот Малпенса во Милано соопшти дека го открила кокаинот кога на тој аеродром пристигнал сомнителен пакет адресиран до Сантинo Д’Антониo, што е името на мафијашкиот бос од вториот дел од филмот „Џон Вик“, јави Би-би-си.

Полицијата дозволила пратката да стигне до својата крајна дестинација – Фиренца, а потоа бил уапсен 50-годишен маж, кој дошол да го собере пакетот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!

Шеќерот во крвта не доаѓа само од благо – Што велат ендокринолозите