Утрински Весник
Македонија

Во последните 4 години, 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче, обесштетувањето достигнува и до 2.000 евра

„Анима Мунди“ бара дозволи за активистите да се грижат за бездомните животни вон полицискиот час

Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче во Министерството за внатрешни работи. Најмногу од нив се однесуваат на минатата година, кога се евидентирани 618 пријави. За првите пет месеци од годинава, МВР регистрирало 310 пријави по овој основ.

Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има можност да спроведе приватна тужба против Град Скопје, каде може да добие надомест на штета настаната како резултат на каснувањето. Од општината велат дека висината на надоместокот на штетата ја утврдува судот, а таа е различна од случај до случај, во зависност од степенот на настаната штета.

„Според некои просечни вредности, годишно околу сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра“, велат од Град Скопје за Мета.мк.

Но проблемот со бездомните кучиња е горлив проблем со кој скопјани се соочуваат одамна. Во минатото постојано се критикуваше за нехуманиот однос врз бездомните кучиња во стационарот Вардариште, за кој сведочеа сликите од условите каде што беа чувани животните. Минатата година, Агенцијата за храна и ветеринарство конечно стави клуч на стационарот Вардариште. При извршена контрола, Агенцијата утврди појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето.

Извештаите за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ покажуваат дека Службата за третман на бездомни кучиња заловила најмногу, 1.662 кучиња во 2016 година, додека пак во 2017 година регистрирани се 1.444 и 1.274 заловени кучиња во 2018 година.

Во јуни минатата година започна и реконструкцијата на стационарот Вардариште. Град Скопје донесе одлука за формирање јавно претпријатие „ЛАЈКА“ за улични кучиња со кое ќе се подобри нивниот третман. Но една година подоцна, од главниот град веќе некое време го најавуваат отворањето на ЈП „ЛАЈКА“.

„Реконструкцијата и доградбата на стационарот во Вардариште е во финална фаза и треба да започне со работа во кратко време, а истото се одложи за краток период поради пандемијата со корона вирусот“, велат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека со новиот стационар ќе се зголеми капацитетот од 81 внатрешен бокс на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење.

„Дополнително се во изградба и 60 надворешни боксови за кучиња со што капацитетот е дуплиран. Во моментов се вршат финалните градежни работи и се работи на добивање на потребните дозволи, по што ќе започне работата на новиот стационар“, појаснуваат од градската администрација.

Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има можност да спроведе приватна тужба против Град Скопје, каде може да добие надомест на штета настаната како резултат на каснувањето. Од општината велат дека висината на надоместокот на штетата ја утврдува судот, а таа е различна од случај до случај, во зависност од степенот на настаната штета.

„Според некои просечни вредности, годишно околу сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра“, велат од Град Скопје.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим