Утрински Весник
Свет

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани рекордни 116 новозаболени од коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани рекордни 116 новозаболени од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани се 116 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, меѓу нив 104 пациенти се на болничко лекување, од кои 4 пациенти биле на респиратор. Две лица починаа, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 3.532 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 117 починале, а 2.377 оздравеле.

Во моментов има само 4660 лица во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 91.486 лица, од кои 1.722 во последните 24 часа.

Во согласност со сегашната епидемиолошка состојба, Центарот за цивилна заштита на Хрватска донесе Одлука за неопходни мерки за организирање на собири на кои се присутни повеќе од стотина учесници за време на прогласената епидемија на Ковид-19.

Споменатата одлука ги воведува потребните мерки што мора да ги исполнат организаторите на сите собири со повеќе од сто лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа