Утрински Весник
Македонија

Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени 49 нови пациенти

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 7 деца и 28 возрасен.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини