Утрински Весник
Свет

Во Полска рекорден број на новозаразени – близу 30.000

Во Полска рекорден број на новозаразени – близу 30.000

Полска пријави 29.978 случаи на новозаразени со коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Уште 575 лица починаа од Ковид-19, со што вкупниот број на починати достигна 50.340.

Ситуацијата во Полска е полоша отколку за време на претходните врвови на пандемијата есеноска, бидејќи повеќе луѓе треба да бидат хоспитализирани, и покрај споредливиот број случаи, рече министерот за здравство Адам Ниџиелски.

Британската варијанта на коронавирус, многу позаразна од оригиналниот распространет вирус, сега е доминантна во Полска.

Низ целата земја се зафатени околу 75 проценти од достапните болнички кревети за пациентите заболени од Ковид-19.

Истото важи и за болничките кревети опремени со респиратори неопходни за сериозно погодените пациенти, рече премиерот Матеуш Моравиецки.

„Најтешкото е пред нас“, рече Моравиецки.

Други ограничувања поради коронавирусот, вклучително и затворање на училишта, хотели, културни институции и спортски објекти, се во сила во Полска од саботата, но новите ограничувања допрва ќе следуваат.

Според премиерот, в четврток ќе биде објавен нов сет на ограничувања за неделите пред и по Велигден.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме