Утрински Весник
Македонија

Во полициски час смеат да работат само маркети со дозвола од кризниот штаб

Се замрзнуваат цените на основните продукти, забрана и за извоз на пченица и брашно

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – За време на полицискиот час Државниот пазарен инспекторат во секој град има дежурни екипи кои ќе вршат проверка на маркети кои работат и дали имаат соодветни дозволи, изјави директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

– Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани, нагласи Пауновски.

Појасни дека за сите угостителски објеки на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд.

– Што значи изречени казни се уште нема, меѓутоа дали ќе ги платат во рок од осум дена глобите или ќе одат на суд, тоа е право на самите субјекти, рече Пауновски. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме