Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во пожар изгоре голем дел од куќа во тетовско Камењане

Во пожар изгоре голем дел од куќа во тетовско Камењане
Img 7972

Тетово, 9 март 2020 (МИА) – Во пожар во тетовско Камењане ноќеска изгоре поголем дел од куќа, повредеи нема.  Пожарот избувнал околу полноќ, а е изгаснат два часа подоцна.

-Половина час по полноќ во СВР Тетово Р.Ф 21 година од Камењане пријавил дека избувнал пожар во неговата куќа. Околу 1 часот и 50 минути пожарот целосно е локализиран, нема повредени лица, предизвикана е значителна материјална штета. Поради околностите увид на местото ќе се изврши во текот на денот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовската противпожарна единица информираа дека интервенирале со три возила и седум пожарникари.

-Сметаме дека се изборивме со огнот и спречивме да се прошири на другите куќи во близина, истака Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост