Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во ПЕ на МЗШВ во Велес на земјоделците им се делат времени дозволи за движење 

Дебарските земјоделци дозволите за движење за време на викендите ќе ги добијат навреме
300x250 opst2

Велес, 28 март 2020 (МИА) –  Во просториите на ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес во тек е делење на времените дозволи за движење за земјоделците до нивните  земјоделските стопанства како оранжерии, пластеници и сточарски објекти, поради воведување на нов продолжен полициски час за време на викендот. Со овие времени дозволи опфатени се 28 земјоделци од Велес и велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Градско и Чашка, информира за МИА, Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес.

-Со  времените дозволи ќе им се овозможи на земјоделците движење во време на полициски час од 16:00 до 5:00 наутро, според нивните потреби. Затоа на секој поединечно во времената дозвола која ја добиваат,  му е наведено до колку часот секој од нив има дозвола за движење за време на продолжениот полициски час, појасни Наковски.

– Со овие времени дозволи од МЗШВ  ќе им се овозможи на овие земјоделци непречено да отидат на работа  во своите пластеници и стакленици под раноградинарски култури, а тука се и сточарите на кои со овие дозволи ќе им се овозможи непречен пристап до свињарските фарми и трла на одгледувачите на овци, информира Наковски.ад/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник