Утрински Весник
Македонија

Во Општина Тетово започнаа форумските сесии

Во Општина Тетово започнаа форумските сесии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 4 март 2020 (МИА) – Општина Тетово денеска ја организираше првата форумска сесија во рамки на „Проектниот форум“ – активност во која се вклучуваат граѓаните со цел, заеднички со локалната самоуправа да одлучат кои инфраструктурни проекти да се финансираат со 50 илјади швајцарски франци, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка. Предвидени се пет вакви средби.

-Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво. Во текот на следните сесии од предложените решенија ќе се развиваат проекти од кои учесниците ќе ги изберат најприоритетните да аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

Наредната сесија е закажана на 13 март, додека останатите три по изборите. Оваа методологија на одлучување веќе една деценија се користи во проектите кои се помогнати од Швајцарската влада и имплементирани од Програмата за развој при Организацијата на Обединетите Нации (УНДП)

– Проекти кои се изведуваат моменто во шест општини се на тема социјална инклузија на најранливите категории граѓаните. Тоа подразбира реконструкција на градинки, младински центри, ИКТ лаборатори, адаптација на училишта за деца со посебни потреби, пристапни рампи и слично, изјави Лејла Небиу, претставник на УНДП.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој го финансира Швајцарска агенција за развој и соработка, а го спроведува УНДП и Општина Тетово. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен