Утрински Весник
Македонија

Во општина Маврово и Ростуше во тек e дезинфекција на јавни површини

Во општина Маврово и Ростуше во тек e дезинфекција на јавни површини

Дебар, 30 март 2020 (МИА) – Во рамки на договорените мерки од страна на Кризниот штаб, во општина Маврово и Ростуше во тек е дезинфекција на јавните површини.

-Во соработка со Националниот парк „Маврово“ и jавното комунално претпријатие „Маврово“ до сега извршена е дезинфекција на центарите на повеќе населени места и селските улици. Ова активност ја завршивме во Жировница, Ростуше, Велебрдо, Требиште, Битуше, Аџиевци, привршува во селото Присојница и  до крајот на денот ќе се изврши дезинфекција и во селото Скудриње, изјави за МИА, Меџат Куртовски, градоначалник на општината, кој раководи и со штабот.

Додава дека оваа активност продолжува и следните денови,со дезинфекција на останатите населени места а тоа ќе се направи и во верските објекти, училиштата и други објекти.

-Ќе продолжи со превземање на сите неопходни активности за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Упатувам апел до сите сограѓани да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Владата и Министерството за здравство,рече Куртовски.

Според него во домашна изолација се четириесеттина лица, сомнителни и заразени нема. вт/aa/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!