Утрински Весник
Македонија

Во Општина Маврово и Ростуше во домашна изолација само десеттина лица

Во Општина Маврово и Ростуше во домашна изолација само десеттина лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 5 април 2020 (МИА) – Во Општина Маврово и Ростуше, која е соседна општина на Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба поради појавата на коронавирус, во домашна изолација се само десеттина лица, за среќа нема сомнителни случаи, ниту пак потврдени заразени лица.

Во изминатиот период, од појавата на опасниот вирус во домашна изолација беа стотина лица, главно пристигнати од Италија и Германија.

Градоначалникот на оваа општина, Медат Куртовски, кој раководи и со Општинскиот кризен штаб за МИА изјави дека жителите строго ги почитуваат препораките и мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Им благодарам на жителите од нашата општина кои строго ги почитуваат препораките и мерките на надлежните. Секако, нивната совесност придонесува да немаме појава на „Ковид-19“. Тука секако и превземените мерки од страна на Крзниот штаб,пред се дезинфекција на објекти и јавни површини, оценува Куртовски.

Додаде дека со цел да им се помогне на семејствата кои се во потешка социо – економска положба издвоени се средства со кои ќе се набават прехрнмбени и други прозводи.

-Ние како локална власт издвоивме 100.000 , а Националниот парк „Маврово“ 60.000 денари, што ќе ги трансферираме во општинската организација на Црвен крст од Гостивар која ќе набави прехрамбени и други производи. Пакетите со хумантарна помош ќе ги распределуваат претставници на месните заедници, посочува Куртовски.

Со оваа помош ќе бидат опфатени 170 семејства, а списокот е подготвен по предлог на раководствата на месните заедници. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен