Утрински Весник
Македонија

Во Општина Карпош се поставуваат системи за одржување на зеленилото

Во Општина Карпош се поставуваат системи за одржување на зеленилото

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – За поквалитетно и целосно одржување на зелените површини, Општина Карпош започна со поставување на системи за наводнување на зеленилото и тревните површини на повеќе локации.

Како што информираат од Општина Карпош, автоматски прскалки за наводнување се поставуваат во средишниот дел на ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3, а ќе се продолжи и на други места во општината – Карпош 1, меѓу зградите 8 и 10 на ул. „Иван Аговски“, Нерези, во близина на воените кули, Тафталиџе, меѓу зградите на „Московска“  и Тафталиџе 2, на ул. „Женевска“во близина на новиот плоштад.

На овој начин значително ќе се подигне квалитетот на зеленилото и ќе се спречи негово сушење, особено во летниот период.

Локалната самоуправа, велат од Општината, продолжува да работи на подигнување на нови зелени површини и одржување на постоечките. Овие зелени маалски паркчиња, посочуваат, се значајни за рекреација на граѓаните и за развивање на маалскиот соживот. сст/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар

Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

Дождовите го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“