Утрински Весник
Македонија

Во општина Гостивар нема новозаболени од Ковид-19, во соседната Врапчиште еден нов случај

Во општина Гостивар нема новозаболени од Ковид-19, во соседната Врапчиште еден нов случај

Гостивар, 15 април 2020 (МИА) – Во општина Гостивар нема новорегистирани случаи на инфицирани со коронавирусот. Вкупната бројка на инфицирани до денеска останува, пет. Нов случај е регистриран во соседната општина Врапчиште. Со што во оваа полошка општина има три лица позитивни на Ковид- 19.

Утрово, до кризниот штаб за трите гостиварски општини е доставена информација од Институтот за јавно здравје, а неа ја потврди и градоначалникот Арбен Таравари. Во неа било наведено дека жител на селото Неготино Полошко е позитивен на тестот за Ковид-19.. Засега нема информации за неговата здравствена состојба и какви симптоми имал.

Според најновата статистика, во Гостиварско се тестирани вкупно 153 лица, од кои девет се позитивни. Меѓу нив има тројца здравствени работници и еден граѓанин, три лица од општина Врапчиште, еден струмичанец кој бил во државен карантин во Маврово. Еден медицински техничар кој на првиот тест се покажал како позитивен, а на повторното тестирање покажал негативен резултат.

Последниот позитивен случај во гостиварско е регистриран вчера. Станува збор за повозрасен жител на селото Чајле кој во меѓувреме е домашна изолација.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување