Утрински Весник
Македонија

Во Општина Гостивар во самоизолација 18 лица

Во Гостивар формиран мобилен тим за помош на возрасни лица за набавка на продукти и лекови
Dik 300x250 mk

Гостивар, 16 март 2020 (МИА) – На подрачјето на Општина Гостивар 18 лица кои изминативе денови допатувале од земји каде е регистиран коронавирус се во самоизолација.

Полициски извори ја потврдија информацијата и нагласија дека три од лицата кои се под надзор имаат решенија од здравствените власти да бидат во самоизолација, а останатите 15 имаат препорака да ги почитуваат превентивните мерки.

Градоначалникот на Општината, Арбен Таравари на денешната прес – конференција напомена дека на состанокот на кризниот штаб добил информација дека на подрачјетото на Општина Гостивар има извесен број лица кои се под контрола. Тие деновиве допатувале од Италија, Шпанија, Германија.

– Можеби некои од нив се движеле надвор, но во меѓувреме се предупредени и наложено им е да останат во домовите. Според она што ми беше кажано, тие се под целосна контрола на полицијата и надлежните институции. Упатувам апел да ги почитуваат мерките, бидејќи на таков начин ќе помогнат во надминување на состојбата, рече Таравари.

Тој нагласи дека иако ситуацијата е сложена, нема простор за паника. згм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!