Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица

Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица
Img 7972

Гевгелија, 25 март 2020 (МИА) – Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

– Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро, рече денеска епидемиологот Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

Епидемиологот Олумчев појасни дека тестирањето на граѓаните ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари и преку „Мој термин“.

Тој апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и доколку имаат типични симптоми да се јават кај нивните матични лекари кои преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестираат или не. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен