Утрински Весник
Македонија

Во објект во Струга се вршеле гинеколошки прегледи на диво

Во објект во Струга се вршеле гинеколошки прегледи на диво

По добиени сознанија дека на локација „Кеј 8-ми Ноември“ во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на Законот, здравствени инспектори од ПО Охрид во соработка со службени лица од Министерството за внатрешни работи, извршија вонреден инспекциски надзор.

По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста.

Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ ОБ Струга. При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор ( 01/2021 година) каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски.

Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година а има отстапувања и во однос на просторот.

Со оглед на затекната фактичка состојба при надзорот и увидот во дадената докуменатација, ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на дејност согласно чл. 301 од Законот за здравствената заштита, а истовремено ќе го извести и Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа согласно чл. 62 од истиот закон.

Инспекциската постапка сеуште е во тек и по комплетирањето на севкупната докуменатција, ДСЗИ ќе ги презвземе сите мерки согласно надлежностите на Инспекторатот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)