Утрински Весник
Свет

Во Нов Зеланд еден нов случај на коронавирус

Во Нов Зеланд еден нов случај на коронавирус

Во Нов Зеланд во последните 24 часа е пријавен еден нов случај на коронавирус од 5.000 тестирани, со што вкупниот број на активни случаи е 62.

Лицето кај кое  потврден вирусот се наоѓа во карантин, а пристигнало во земјата на 27 јануари од Индија.

Вкупниот број на заболени од Ковид-19 во Нов Зеланд од почетокот на епидемијата е 1.959, а бројот на починати 25.

Нов Зеланд денеска соопшти дека овој месец повторно ќе започне да прифаќа бегалци, скоро една година откако ги затвори своите граници за да го запре ширењето на коронавирусот.

Група од 35 бегалци ќе пристигне во февруари, а околу 210 бегалци се очекува да влезат во земјата до 30 јуни, соопшти Службата за имиграција на Нов Зеланд.

„Со утврдени здравствени протоколи, подготвени сме да ги пречекаме семејствата кои ќе станат жители на Нов Зеланд, за да ги започнат своите нови животи“, рече Фиона Вајтриџ од Службата за имиграција.

Секој што ќе пристигне, ќе мора да помине 14 дена во самоизолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“