Утрински Весник
Свет

Во Мјанмар уапсен еден од водачите на протестите против воениот режим

Во Мјанмар уапсен еден од водачите на протестите против воениот режим

Безбедносните сили на Мјанмар денеска уапсија главни водачи на кампањата против воениот режим, вклучително и Вај Мо Наинг, кој на мотоцикл водеше протестен митинг во центарот на градот Монива, објави Ројтерс.

„Нашиот брат Вај Мо Наинг е уапсен. Неговиот мотоцикл удри во полициски автомобил“, соопшти на социјалните мрежи, Вин Зо Цјанг, член на групата што ги организира протестите.

„Ројтерс“ пренесува дека не билe во можност да го контактираaт Вај Мо Наинг по телефон, а претходно новинарите на британската агенција разговарале со него додека тој се подготвувал да го започне протестот.

Монива е еден од главните центри на отпорот кон воениот режим што ја собори владата на премиерката Аунг Сан Су Чи со државен удар на 1 февруари годинава.

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија