Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Москва повторно ќе се вакцинираат луѓето кои веќе примиле вакцинa против коронавирус

Во Москва повторно ќе се вакцинираат луѓето кои веќе примиле вакцинa против коронавирус
Dik 300x250 mk

Повторна вакцинација против коронавирусот започна денеска во Москва, што е објавено и на веб-страницата на градоначалникот, Сергеј Собјанин и владата во Москва.

Според неодамна усвоениот протокол, во врвовите на епидемиските бранови, потребна е вакцинација на секои шест месеци, а доколку епидемиската состојба е поволна – еднаш годишно, пренесува РИА Новости.

Наведено е дека повторната вакцинација е достапна за граѓаните кои ја примиле првата доза на вакцината пред повеќе од шест месеци и дека е можна на 20 пунктови. Граѓаните можат повторно да се вакцинираат со „Спутник в“ или „Спутник лајт“, а не е важно која вакцина ја примиле при првата вакцинација.

Делта сојот на вирусот предизвика нов бран на пандемијата во Русија, особено во Москва, каде речиси секојдневно се регистрираат рекордни бројки на новозаразени.

Така, во Русија во изминатите 24 часа починале 672 лица како последица на вирусот, што е најголем број на смртни случаи за 24 часа од почетокот на пандемијата.

Вкупно 135.886 лица починале во Русија од почетокот на пандемијата, според агенцијата ТАСС.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор