Утрински Весник
Македонија

Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба

Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во моментов не се размислува за воведување карантин 14 дена, но сепак државата е подготвена да воведе и поригорозни мерки, доколку се укаже потреба за тоа.

-Во овој момент ги разгледуваме статистиките, дека покрај овој мал пик што го имаше значајна разлика во бројот на новодијагностицирани пациенти, дека  е на некој начин, да го наречам лажен пик, бидејќи циљано се тестираше на поголема група граѓани во Куманово кои беа прволиниски контакти со заболените и после тоа се вративме на вообичаената бројка меѓу 20-30 пациенти дијагностицирани во текот на 24 часа што претставува линеарен раст на бројот на пациенти, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.

Според Филипче, засега нема најава дека статистиките ќе поминат во некаква позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти.

-Сметаме дека овие мерки се доволни, целосно ограничен викенд, разграничување на двете старосни групи и соглансо тие резулати сме подготвени да интервенираме во мерки, додаде министерот Филипче.бт/скс/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци